
Фудбалската репрезентација на Германија доживеа понижувачки пораз (6-0) од Шпанија во Лигата на нации и го загуби првото место во групата, но тоа нема да влијае на „животот“ на Јоаким Лев како кормилар на „маншафт“. Тој останува на кормилото иако „панцирите“ доживеаја болен пораз.
„Овој натпревар не менува ништо. Федерацијата има максимална доверба во Јоаким Лев. Поразот боли многу, но треба да се анализираат вистинските причини зошто дојде до таков дебакл. Брзо ја губевме топката, одбраната беше лоша, едноставно се тргна многу лошо на тој меч уште од стартот“, изјави директорот Оливер Бироф.
Поразот од Шпанија за Германците е најлош резултат (6-0) од 1931 година кога националниот тим загубил од Австрија со истиот резултат. Најубедливиот пораз на Германија е поразот од 9-0 од Англија, но во далечната 1909 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
