
Се уште трае кастингот за нов тренер на Пари Сен Жермен. Извесно е дека Маурисио Покетино го напушта клубот, една година пред истекот на неговиот договор, а приказната за наследникот се сведе на две имиња, Зинедин Зидан и Антонио Конте. Сепак, и тие изгледаат недостижни.
„Зизу“ изгледа не се согласува, се уште чека неговиот поранешен соиграч Дидие Дешамп да си замине од француската репрезентација за да стане селектор на „триколорите“, додека Конте веројатно би се согласил, но проблем е неговата природа и соработката со Леонардо, плус и договорот со Тотенхем.
Унаи Емери и Томас Тухел не успеаја да се справат со бразилскиот директор, кој се уште ја има довербата на сопствениците во Доха и можно е да остане во клубот, иако се најавуваше дека „светците“ ќе бараат ново решение.
Конте има сличен карактер како Тухел, не се плаши да зборува за проблемите и односите во јавноста, па се проценува дека тоа би можело да се случи во Париз.
Утрово излегоа две нови имиња како можни тренери на ПСЖ за следната сезона.
Поранешниот светски шампион со Германија, Јоаким Лев, би можел да пристигне во Париз. По заминувањето од клупата на „панцирите“, тој се уште го чека вистинскиот клуб, одби некои понуди од Премиер – лигата и од Турција, не се брза, а Германија ја водеше цели 15 години.
Втората опција е Тијаго Мота, бразилскиот интернационалец кој играше за Италија и шест години го носеше дресот на ПСЖ. Тренер е од 2019 година, првата авантура во Џенова заврши брзо, но оваа сезона успеа да ја донесе Специја до опстанок.
Мота е тренер кој негува офанзивен фудбал, но тој навистина има ограничен тим од кој успеа да извлече максимум. Специја прими многу голови, но е поефикасна од ривалите во борбата за опстанок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
