Connect with us

Јилдиз му донесе деби триумф на Тудор на клупата на Јуве (ВИДЕО)

Јувентус ја запиша својата прва победа под водство на новиот тренер Игор Тудор, совладувајќи ја Џенова со минимални 1-0 на „Алијанц Стадиум“. Со оваа победа, „старата дама“ се доближи на само еден бод зад Болоња во борбата за четвртото место и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Стрелец на единствениот гол беше младиот турски талент Кенан Јилдиз, кој во 25. минута постигна убав погодок по една тимска акција. Јувентус потоа ја затвори играта, не дозволувајќи на гостите од Џенова да создадат сериозна шанса.

Ова беше значајна победа за Игор Тудор, кој неодамна ја презеде екипата од Тијаго Мота и веќе на дебито ги донесе трите бода, враќајќи го Јувентус на победничките патеки и во битката за место во елитното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови