Connect with us

Јетон Беќири: Се надевам дека научивме многу од дуелот со Рајо Ваљекано и ќе се обидеме да го примениме против Шелбурн

Македонскиот првак Шкендија утре (18.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Шелбурн од Република Ирска.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, на денешната прес-конференција ги сподели своите очекувања од претстојниот меч.

„Имавме доволно време да се подготвиме. Во Скопје одигравме добро и во квалификациските мечеви во Европа. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со добра и паметна игра да дојдеме до победа. Направивме детална анализа на Шелбурн — на ова ниво не можеш лесно да најдеш слабости кај противникот. Мора да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра, поддршка од публиката и освојување на трите бода“, изјави Беќири.

Тој се осврна и на првиот настап на Шкендија во Конференциската лига, каде тимот убедливо загуби на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

„Пред да играме со Рајо знаевме дека шпанската лига е многу силна, но кога ќе излезеш на терен против тие екипи, уште повеќе ја чувствуваш таа разлика. Видовме како се игра модерен фудбал и не е случајно што шпанските тимови секогаш се на врвот. Сите ние видовме што значи врвен и современ фудбал. Се надевам дека научивме нешто од тој натпревар и дека тоа искуство ќе ни помогне во иднина,“ додаде Беќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови