Connect with us

Јетон Беќири: Можевме да славиме и поубедливо

Фудбалерите на Шкендија зедоа скалп на лански учесник во Лигата на шампионите. Во Скопје падна Слован Братислава, загуби со 2-0, па сега Шкендија сонува и европски пролет.

Тренерот Јетон Беќири е задоволен од триумфот и трите бода, но вели дека неговиот тим можеше да биде и поубедлив.

“Ова беше навистина добра игра, како тим и играчите ги завршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен ако постигневме уште неколку голови. Секако, сè уште не сме обезбедиле пласман понатаму, бидејќи имаме уште еден натпревар за играње. Се надевам дека на натпреварот во Ларнака, играчите ќе го дадат својот максимум и дека ќе испишеме уште една историја за нашиот клуб”, изјави Јетон Беќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови