
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, во пресрет на дербито со Вардар изрази увереност во подготовките на својот тим, истакнувајќи дека Шкендија е подготвена за предизвиците на пролетниот дел од сезоната.
Беќири нагласи дека екипата напорно работела на подготовките од 2 јануари, а тест-натпреварите во Турција биле повеќе за проба на формации, отколку за резултати. Најважно, според него, е што екипата останала без повреди и сега е „гладна“ за успех.
„На стартот нѐ очекува посебен натпревар, без разлика на состојбата на Вардар и позицијата на табелата. Целта на Шкендија ќе биде да доминира во играта, да биде агресивна и офанзивна, со надеж дека тоа ќе резултира со позитивен исход. Се разбира, одиме на победа, како и секогаш“, изјави Јетон Беќири.
Со доведувањето на голманот Јанков и напаѓачот Тамба, Шкендија има комплетен тим кој ќе биде конкурентен во борбата за титулата. Беќири смета дека оваа сезона Првата македонска лига е многу поквалитетна, но верува дека токму Шкендија ќе го има „последниот збор“ во трката за шампионскиот трофеј.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (Денеска, 14 часот)
🔹 Силекс – Тиквеш
🔹 Вардар – Шкендија
🔹 Гостивар – Струга ТЛ
🔹 Воска – Беса
🔹 Шкупи – Работнички
🔹 Пелистер – Брера

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
