
Украина е вториот противник на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство. Утре на Националната арена во Букурешт и двете селекции ќе атакуваат на победа откако ги загубија првите натпревари од Австрија и од Холандија.
Украинскиот репрезентативец Роман Јаремчук смета дека Македонија нема големи ѕвезди како Мемфис Депај или Френки Де Јонг, но силата на „црвено-жолтите“ е во тимскиот дух.
„Тие немаат големи ѕвезди како Мемфис Депај или Френки Де Јонг, но тоа не значи дека не очекува лесен натпревар. Имаат многу силен тимски дух, а тоа понекогаш е и поопасно за ривалот. Мора да бидеме внимателни, затоа што едноставно мора да ја победиме Македонија доколку сакаме пласман во втората фаза. Знаеме дека играат во систем 5-3-2, па дури и да го променат, нема премногу да не изненадат. Очекувам да одиграме квалитетно и да победиме. Бевме блиску до позитивен резултат и со Холандија, но за жал, не успеавме“, вели Роман Јаремчук во пресрет на утрешниот меч со Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
