Хрватскиот клуб Хајдук Сплит е противникот на Ренова во второто коло од Лигата на Европа. Младинскиот репрезентативец Јани Атанасов кој е нов член на „билите“ беше на прес-конференцијата заедно со тренерот Хари Вукас.
„Мило ми е што ќе играм во Македонија. Се надевам на победа на Хајдук, иако имаме максимална почит за Ренова. Но, ние сакаме пласман во следното коло од ова натпреварување“, изјави Јани Атанасов.
Тренерот Хари Вукас не бега од фактот дека Хајдук Сплит е фаворит.
„Хајдук е фаворит, но тоа треба да го оправдаме и со добра игра и резултат и утре на теренот. Во последниот период неколкупати гостувам во Македонија и морам да кажам дека сите се многу љубезни“, изјави Вукас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













