Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ги сподели своите амбиции и цели за иднината, откако веќе се етаблира како клучен играч во тимот на каталонскиот гигант и ја освои титулата европски шампион со Шпанија. Во интервју за „Тутоспорт“, италијанското издание кое го награди со престижната награда „Златно момче“ (Golden Boy) за најдобар млад фудбалер во Европа за 2024 година, Јамал ја изрази својата благодарност и амбиции.
„За мене е огромна чест и радост да ја добијам оваа награда. Ова е првиот чекор кон одлична кариера, на која се надевам. Совршено разбирам дека индивидуалните награди се резултат на тимските успеси. Затоа сакам да продолжам да помагам на Барселона и на репрезентацијата на Шпанија да освојуваме уште многу трофеи,“ изјави Јамал.
„Golden Boy“ е како летечка стартна линија за секој млад играч. Нема младинец кој не сонува за неа. Мојата следна цел е да ја освојам Лигата на шампионите со Барса, а со тоа ќе имам можност да ја освојам и „Златната топка“. Никој не може да го заслужи најпрестижното индивидуално признание ако не постигнал нешто со својот тим. Едното е поврзано со другото“, продолжи младиот шпански репрезентативец.
Од „Тутоспорт“ објавија дека Јамал ја освоил наградата со рекордна предност. Тој собра 374 поени повеќе од второпласираниот, Коби Мејно од Манчестер Јунајтед. Со тоа го надмина рекордот на неговиот соиграч Педри, кој во 2021 година го победи Џуд Белингем со 199 поени разлика.
Интересно, Јамал беше поставен на првото место од 48 од вкупно 50 новинари кои гласаа. Исклучок беа Иван Закарони од „Газета дело Спорт“, кој го стави на петтото место, и Дмитриј Гирин од „Спорт-Експрес“, кој го рангираше на втората позиција.
Церемонијата на наградувањето се одржа синоќа во Торино, но Јамал не присуствуваше поради несогласувања меѓу организаторите и Барселона. Тој ја доби наградата пред натпреварот со Леганес во неделата и ја покажа пред фановите на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal