Connect with us

Ја победија Барселона, го „изгланцаа“ Камп Ноу и си заминаа (ФОТО)

Кадиз направи огромно изненадување со триумфот над Барселона (0-1) во последниот меч од 32.коло во Ла Лига. Лукас Перез го постигна победничкиот погодок со кој гостите освоија важни три бода, можеби и непланирани, но ќе излезат одлучувачки во трката за опстанок во елитата.

По големата победа, фудбалерите на Кадиз ја „изгланцаа“ и соблекувалната на „Камп Ноу“.

„Беше голема чест да се игра на Камп Ноу и да се дојде до историска победа. И благодариме на Барселона за одличните моменти и за гостопримството, како секогаш. Им посакуваме многу среќа во продолжение на сезоната“, се вели во објавата на Кадиз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови