
Рајан Гигс ја клоцнал поранешната девојка Кејт Гревил во грбот и ја исфрлил од хотелска соба без облека откако претходно ги исфрлил нејзините работи – ова е најсериозниот дел од обвинувањето против поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Велс.
Во првичното сослушување што се одржа вчера, а траеше околу 30 минути, беше прочитано обвинението за кое Гигс се изјасни како невин.
Гигс е обвинет дека во периодот од 2017 до 2020 година се однесувал контролирачки и насилно и со закани кон девојката. Тој ги отфрли обвинувањата и дека и нанел конкретна физичка штета во нивниот дом во ноември минатата година како и дека ја нападнал нејзината сестра.
Меѓу обвинувањата за Гигс стои и дека и праќал пораки додека била излезена со други луѓе и ја прашувал за врски со други луѓе, и се заканувал дека ќе испрати мејлови со сексуална содржина на нејзините пријатели и работодавачи, и ги исфрлил работите од неговата куќа кога го прашала за врски со други жени и дека ја исфрлил од хотелска соба без облека кога го прашала за флерт со други жени.
Судијата му ја продолжи кауцијата на Гигс со обврска да не доаѓа во контакт со поранешната девојка и со нејзината сестра.
Поради овие обвиненија и процесот кој почна против него, Гигс мораше да се повлече од селекторското место во репрезентацијата на Велс. Тој тврди дека во текот на судењето ќе го исчисти името од обвинувањата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
