Connect with us

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија за младински категории

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, денеска се одржа ждреб на кој беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија за млади категории.

Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.

Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.

РАСПОРЕД

Младинци

Пелистер – Беласица

А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.

Кадети

Шкупи – Шкендија

Брегалница – Вардар

Пионери

Пелистер – Работнички

А.П. Брера – Шкупи

Помлади пионери

А.П. Брера – Шкендија

Пелистер – Победа

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови