
Челси најавува изненадувачки интерес да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Лондончани ја разгледуваат опцијата да го вклучат англискиот интернационалец како дел од зделката за трансферот на Кристијан Пулишиќ во редовите на „црвените ѓаволи“.
Не е тајна дека Челси е во потрага по нов играч кој ќе ја засили одбраната. И покрај ангажманот на Калиду Кулибали од Наполи, на „сините“ им треба барем уште едно засилување во одбраната бидејќи клубот остана без Антонио Рудигер и без Андреас Кристенсен ова лето и моментно има малку опции за Томас Тухел во срцето на одбраната.
Главна трансферна цел на Челси е Весли Фофана од Лестер. Сепак, преговорите за 21-годишниот талент одат бавно, па затоа на „Стемфорд Бриџ“ размислуваат за други опции, а една од нив е и Мегваер.
29-годишниот Англичанец е под постојани критики за своите игри во составот на „црвените ѓаволи“. Тој беше стартер на првите два натпревари од сезоната, во кои, сепак, Јунајтед претрпе два порази, 1-2 од Брајтон и 0-4 од Брентфорд. Поради тоа, Ерик тен Хаг најверојатно ќе направи промени во стартниот тим за дербито со Ливерпул, а се очекува на клупата да седне токму Мегваер, на сметка на Рафаел Варан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
