
Работнички на стартот од подготовките ги претстави новите засилувања. По голманот Игор Алексовски, кој беше претставен на јавноста претходно, од денеска нови членови на „романтичарите“ се фудбалерот за врска Иво Јанакиевски и левиот бек Филип Бошковски.
Иво Јанакиевски доаѓа од ФК Скопје и ќе го засили тимот на Љупчо Марковски во претстојната сезона. Треба да претставува одлична аквизиција за офанзивниот дел од составот.
Јанакиевски имаше одлична сезона во дресот на ФК Скопје, а претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс и за Скопје.

Филип Бошковски доаѓа од Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбраната. Тој е десен бек, но по потреба може да одговори и на левата странична позиција. Бошковски има 21 година и досегашниот тек од кариерата го мина во редовите на Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
