Connect with us

Иван Леко нов тренер на Хајдук Сплит

Хајдук Сплит сезонава ќе има трет тренер. По Литванецот Дамбраускас и Мислав Кароглан, нов тренер на сплитските „били“ ќе биде Иван Леко.


Леко е роден во Сплит, порасна како играч во Хајдук и ова е негово враќање на „Пољуд“ по повеќе од 17 години.


Договорот е потпишан до крајот на сезоната 2025 година, а официјалната промоција е најавена за 4 јануари.


Својата тренерска кариера ја започна како помошник на Игор Тудор во белгиски Леувен, а самостојно раководеше со Сент Труден, Клуб Бриж, Ал-Аин, Антверпен и кинеската ШП Порт, каде што ги помина последните две години.


Со Клуб Бриж го освои белгиското првенство и Суперкупот, а со Антверпен Купот на Белгија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови