
Брера Струмица соопшти дека Салваторе Рибаудо е нов фудбалер за претстојната натпреварувачка сезона,. 19-годишниот Италијанец трето летно засилување на новобрендираниот клуб.
– Салваторе Рибаудо е нов фудбалер што го ангажираше нашиот тим за новата првенствена сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав во Банско, Бугарија. 19 годишниот Салваторе е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории, а во нашиот состав дојде од шпанскиот тим Реал Авила кој се натпреварува во Терцера, се вели во објавата на Брера на социјалните мрежи.
Рибаудо својата младинска кариера ја минал во Парма, а претходно во раната возраст бил дел и од фудбалската школа на Палермо. Тој е трето летно засилување за Брера Струмица по Ристевски и Аризанкоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal