Connect with us

Италијано пред финалето на Купот: Интер е силен тим, но Фиорентина ќе се обиде да му отежни

Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, претстојното финале на неговиот тим во Купот на Италија против Интер го гледа како голем настан. Натпреварот се игра вечерва од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.


Тимот од Фиренца е и во финалето на Конференциската лига на УЕФА каде на 7 јуни ќе се сретне со Вест Хем. „Нероаѕурите“ на 10 јуни ќе се борат со Манчестер Сити за трофејот во Лигата на шампионите, што го прави претстојниот дуел уште повозбудлив.


„Горди сме што ќе имаме можност да играме во ова финале против Интер. Сепак, пречката е сериозна, затоа што ни претстои финалист во Лигата на шампионите“, изјави Италијано на прес-конференцијата.


„Сепак, ќе бидеме мирни и ќе му отежниме на противникот. „Нероаѕурите“ се многу силни, но стигнавме до финалето и ќе се обидеме да им го отежнеме натпреварот. Го заслуживме пехарот, па сакаме да играме за него“, додаде тренерот на „виолетовите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови