Connect with us

Италија остана без Бастони за дуелот со Македонија?

МАКФУДБАЛ во Рим,

Никола Ѓуровски

Дефанзивецот Алесандро Бастони е неизвесен за настап на квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Македонија в петок, откако го напушти денешниот тренинг на „аѕурите“. Дефанзивецот почувствува болка во потколеницата.


Се чекаат резултатите од прегледите на медицинскиот тим.


Повредата е на пат да ги наруши плановите на селекторот Лучијано Спалети да состави на комплетна одбрана од Интер, со Дармијан, Ачерби, Бастони и Димарко.


Поради повреди од редовите на европскиот шампион отпаднаа и Мануел Локатели, Алекс Мерет, Џорџо Скалвини, Рафаел Толои и Давиде Калабрија.


Меѓу стартерите на Спалети се очекува да бидат и Николо Барела, Џакомо Бонавентура, Жоргињо, Џакомо Распадори, Доменико Берарди и Федерико Киеза. На голот ќе биде Џанлуиџи Донарума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови