
Фудбалската репрезентација на Италија ја победи Малта со 4-0 и ја продолжува трката за втората позиција во нашата група. Доменико Берарди беше стрелец на два гола, серијата ја отвори Џакомо Бонавентура, а ја затвори Давиде Фратези во самиот финиш од дуелот.
Унгарија ја победи Србија во Будимпешта со 2-1 и му создаде нови проблеми на Драган Стојковиќ Пикси. Сега Србите мора да ја победат Црна Гора, или во спротивно сериозно ќе си го загрозат пласманот на ЕВРО 2024. Имаа шанси, гаѓаа стативи, но победи Унгарија.
Пикси почна без Филип Костиќ и без Душан Тадиќ, па откако увиде дека не оди, ги уфрли во игра во второто полувреме. Варга донесе водство за Унгарија во 20.минута, израмни Павловиќ во 33.минута, но Салаи сепак обезбеди предност за Унгарците уште пред одморот, а тоа на крајот се покажа и како конечен епилог.
Данците славеа против Казахстан со 3-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
