МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на „Олимпико“ го игра претпоследниот меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Противник е актуелниот европски првак Италија, кој има многу лоши спомени од дуелите со нашата селекција.
И повторно, на „аѕурите“ им гори под нозете, мора вечерва да победат доколку сакаат да ги продолжат шансите за пласман на Европското првенство.
Селекторот Лучијано Спалети ќе направи многу промени во однос на првиот меч во Скопје кој заврши (1-1).
Се очекува на голот да биде Џанлуиџи Донарума, во одбраната ќе бидат Дармијан, Гати, Ачерби и Димарко, а во средниот ред ќе делуваат Жоргињо, Барела и Бонавентура.
Во формацијата 4-3-3, нападот треба да го сочинуваат Распадори како централен офанзивец и Берарди и Киеза по страничните позиции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













