Connect with us

Италија и Англија во Скопје: Македонија ги доби ривалите за ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.


Италија, Англија, Украина, Малта се противниците на македонската репрезентација во групата Ц во претстојните квалификации за Европското првенство. 

Денешниот ждреб во Франкфурт беше неповолен за „црвено-жолтите“ со оглед на квалитетот на ривалите, но секако многу атрактивен. Поранешни светски и европски шампиони Италија и Англија повторно ќе бидат ривали на Македонија. Тоа воедно се и финалисти од последното ЕВРО 2020 на кое учествуваше и Македонија.

Интересна е и групата „Б“ во која заедно се Холандија и светскиот првак Франција, се и селекциите на Рапублика Ирска, Грција и на Гибралтар.

Квалификациите ќе се играат од март до ноември следната година.    

Домаќинот Германија и 23 репрезентации кои ќе ги минат квалификациите ќе играат на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи во 10 града.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови