Connect with us

Иско несреќен во Реал, сака да исфорсира трансфер во Барселона?

Иско, наводно, не е среќен во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот. Но, неговата посакувана дестинација е Барселона, тврди шпанскиот весник “Ел Национал”.

Иско моментално се наоѓа на дното на хиерархијата на Карло Анчелоти за средината на теренот по низата неконзистентни настапи. Шпанецот оваа сезона одигра само шест натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи еден гол.

Што се однесува до средината на Барселона, “Каталонците” имаат идни ѕвезди како Педри и Гави. Сепак, се верува дека Куман сака поискусен играч од средниот ред.

Кариерата на Иско во Реал Мадрид е полна со трофеи, вклучувајќи четири титули во Лиги на шампиони, четири светски клупски првенства, три супер купа на УЕФА, две титули во Ла Лига и два шпански Суперкупа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови