
Талентираниот шведски фудбалер Александар Исак го продолжи договорот со Реал Сосиедад до летото 2026 година и со тоа најави дека ќе ја започне третата сезона на „Аноета“. Репрезентативецот на Шведска имаше неколку одлични понуди за трансфер во големите европски клубови, но на крајот сепак одлучи да остане во Реал Сосиедад.
Најупорен беше Арсенал, кој сакаше да го доведе за следната сезона, но по денешното продолжување на договорот, тоа ќе биде многу потешко за „топчиите“.
Исак минатата сезона постигна 17 гола за Сосиедад во сите натпреварувања, еден повеќе од сезоната претходно во која дебитираше за клубот од Сан Себастијан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка
