
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше по победата на „нероаѕурите“ против Црвена Звезда со 4-0 во натпреварот од второто коло на главната фаза на Лигата на шампионите.
„Момците се снајдоа добро и беа сконцентрирани против тим кој дојде тука за да биде пред сè добро организиран во одбраната. Сепак, ние се движевавме добро и го надминавме нивниот блок со тој прекрасен гол на Чалханоглу. Освен неколкуте контранапади кои можевме подобро да ги пресретнеме, ја контролиравме играта и создадовме многу повеќе шанси за гол“, изјави Инзаги.
Италијанскиот стручњак исто така додаде дека победата против српскиот шампион е надградба на постигнатото против Манчестер Сити пред две недели, кога на „Етихад“ одигра реми без голови.
„Ова беше победа со која сакавме да го продолжиме добриот настап од Манчестер. Мораме да продолжиме по овој пат, го добив одговорот кој го очекував од моите играчи, така што сме задоволни“, дополни Инзаги.
„Напаѓачите се од фундаментално значење, тие треба да ни помагаат како кога започнуваат во стартниот состав, така и кога влегуваат од клупата. Сезоната е долга, знаеме дека Лаутаро Мартинез веќе имаше некои проблеми, Арнаутовиќ и Тареми се двајца играчи кои навистина ги посакував тука, и тие имаат голем придонес“, истакна Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski