Connect with us

Инзаги за триумфот на Интер во Неапол: Демонстрација на сила и тимски дух

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, проговори за победата на „нероаѕурите“ против шампионот Наполи со 0-3 во дербито на 14. коло во Серија А.


Според италијанскиот стратег, тимот оди во вистинска насока, но сѐ уште не е во својата оптимална форма, а она што го покажа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше демонстрација на сила и тимски дух.

„Тоа беше демонстрација на сила и тимски дух. Кога ќе дојдете во Неапол, очекувате да наидете на проблеми. Имавме подготвено специфичен план, нашите бекови да играат против нивните, бидејќи колку повеќе го држите Наполи надвор од вашиот шеснаесетник, тоа е подобро”, објасни Инзаги.

„Имавме проблеми само кога останавме премногу длабоко во својата половина. Сигурен сум дека сега сите ќе пишуваат дека Интер нема конкуренти, но во средата примивме три гола од Бенфика – и тогаш насловите беа поинакви. Знаеме за тоа, сме се соочиле и претходно и можеме да го очекуваме“, изјави Инзаги за „ДАЗН“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови