
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, очекува тежок натпревар против Рома на „Олимпико“, но се надева дека неговиот тим ќе ја продолжи победничката серија во сите натпреварувања.
„Не треба да дозволиме паузата во првенството да ни влијае. Доаѓаме со серија од три победи и мора да ја продолжиме таа инерција. Работевме добро и знаеме дека овој натпревар ќе биде доста тежок. Многупати сме играле против Иван Јуриќ, а тој ја пренесе својата филозофија во Рома. Мораме да бидеме подготвени и за напад и за одбрана“, изјави Симоне Инзаги.
Тој се осврна и на проблемите во тимот.
„Во целина, сите се вратија многу добро, освен Пјотр Зиелински, кој дојде со мал проблем и нема да биде со нас. Кристијан Аслани вчера доби мало истегнување на коленото и е надвор од тимот, но ќе земеме еден надежен играч од Примавера, Томас Беренбрух, така што тоа не е проблем. Маркус Тирам работеше добро уште минатата сезона и само го продолжува тој процес. Неговиот стил не се промени, само направивме неколку корекции. Знаеме дека ни претстојат седум натпревари во следните 20 дена, така што сите мора да бидеме фокусирани и подготвени. Во моментов, единствениот фокус е да бидеме подготвени за дуелот со Рома“, истакна Инзаги за клупската телевизија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
