
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ја пофали длабочината и адаптивноста на својот тим по победата над Удинезе (2-0) во натпреварот од Купот на Италија.
Италијанскиот стратег направи девет промени во стартниот состав по големата победа над Лацио со 0-6 во Серија А. „Нерoаѕурите“ сепак го надиграа Удинезе со головите на Марко Арнаутовиќ и на Кристијан Аслани.
„Ова беше одличен сигнал за мене. Ова беше важен натпревар, осминафинале. Кога велам дека имам 25 стартери, тоа навистина го мислам“, изјави Инзаги по триумфот. „Го правам изборот за доброто на Интер“, додаде тој.
„Во понеделникот остваривме голема победа, но дури и тогаш имаше ситуации во кои можевме да одиграме подобро. Сега игравме против квалитетен противник во Купот, но промените кои ги направивме не се почувствуваа“, истакна тренерот.
„Среќен сум што имам ваков тим. Сега се фокусираме на следниот натпревар“, рече Инзаги.
Интер во понеделник ќе биде домаќин на Комо во натпревар од Серија А. Тимот моментно е на третото место на табелата со три бода заостанување зад лидерот Аталанта, но со натпревар помалку, како и само еден бод зад Наполи.
„Знаеме дека ќе има и тешкотии, но среќен сум што имам ваков добар тим и продолжуваме напред, бидејќи за четири дена не очекува нов натпревар“, коментираше Инзаги.
„Не се натпреваруваме само со Аталанта и со Наполи, туку и со Фиорентина, Лацио, Јувентус и Милан“, сигурен е тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
