
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, разочаран по минималниот пораз од Манчестер Сити (0-1) во финалето на Лигата на шампионите, истакна дека неговиот тим не заслужил за загуби. Верува и дека ќе се вратат посилни.
„Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди. Ги прегрнав моите играчи еден по еден бидејќи беа неверојатни како и нашите навивачи и заслужија поинаков резултат, но се надевам дека се среќни да видат како играше тимот во финалето против еден моќен Манчестер Сити. Имаме победнички дух и ќе се вратиме посилни следната сезона“, изјави Симоне Инзаги.
Тој вели дека во финишот работите можеа да бидат поинакви ако барем еднаш се затресеше мрежата на Манчестер Сити.
„Топката едноставно не сакаше да влезе во голот. А ги притиснавме силно. Се случува ете и во финалето на Лигата на шампионите. Не велам дека Манчестер Сити не го заслужи пехарот со сѐ што прикажа оваа сезона, но Интер не заслужи да го загуби финалето со начинот на кој играше“, истакна тренерот на „нероаѕурите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
