
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше задоволен од победата на неговиот тим со 0-1 на гостувањето кај Јанг Бојс во Лигата на шампионите. Победата дојде тешко, откако Маркус Турам постигна гол во судиското продолжение на натпреварот.
„Важно е играчите кои влегуваат како резерви да го дадат својот придонес за добри резултати. Современиот фудбал го бара тоа. Против Рома исто така резервите се вклучија силно. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Покажавме дух и се радуваме на петтата последовна победа. Сакаме да продолжиме во истиот ритам“, изјави Инзаги.
„Повредата на Карлос Аугусто малку ме загрижува. До крајот на ноември нè чека тешка серија натпревари, во кои ќе бидеме со ограничен состав, бидејќи имаме доста играчи со повреди. Сепак, ќе се обидеме да извлечеме максимум од секој натпревар“, потенцира тренерот на Интер.
„Во отсуство на Хакан Чалханоглу, пеналите ги изведуваат Марко Арнаутовиќ и Мехди Тареми. Арнаутовиќ е добар изведувач, но голманот имаше одлична одбрана. Марко не треба да се грижи, туку да продолжи да работи. Тој е важен за нас“, додаде Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
