Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, упати пофални зборови за Давиде Фратези по победата над Лече со 4-0. Италијанскиот репрезентативец ретко е дел од почетниот состав, но вчера доби шанса и ја искористи, постигнувајќи го првиот гол за „нероаѕурите“. Останатите голови ги постигнаа Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Мехди Тареми.
„Пристапивме на вистинскиот начин кон натпреварот, за што им честитав на момците. Не беше лесно, но игравме организирано и агресивно, бидејќи знаевме дека Лече нема да се двоуми да нѐ нападне. Ни беа поништени два гола поради минимални офсајди, исто како во Прага пред неколку дена. Се надевам дека фудбалерите ќе издржат, бидејќи веќе неколку месеци играме натпревари на секои три дена“, изјави Инзаги, кој стана тренерот што најбрзо стигнал до 200 победи во Серија А.
„Фратези беше нашето тајно оружје минатата сезона, заедно со Карлос Аугусто и Кристијан Аслани. Благодарение на нив немавме грижи кога некој беше повреден или суспендиран. Без нивниот придонес, немаше да го освоиме 20. Скудето. Имам одлична комуникација со Давиде. Тој имаше некои проблеми со кондицијата последните недели, но сега е целосно здрав. Веќе некое време сме без Чалханоглу, но Аслани игра одлично“, сподели тренерот на Интер.
„Последен пат примивме гол како гости во Серија А во септември во Удине. Тоа е резултат на многу работа. Среќен сум што и во Лацио, и сега во Интер, имам можност да работам со играчи кои ги следат моите идеи. Наполи и Аталанта имаат фантастична сезона, како и ние. Не се плашиме од овие два тима, но ги почитуваме бидејќи имаат добри тренери и играат квалитетен фудбал. Уште во јули кажав дека борбата за титулата ќе трае до самиот крај, и токму тоа се случува. Ги респектираме Наполи и Аталанта, но ние сме шампиони, така што воопшто не стравуваме од конкуренцијата“, додаде Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













