
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше уништен по поразот од Атлетико Мадрид на пенали, кога неговиот тим испадна од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова беше прв пораз за „нероаѕурите“ во последните 14 натпревари, но беше многу болен.
Тренерот призна дека неговиот тим не е навикнат да губи и дека ќе биде тешко да се проголта тоа што се случи во Мадрид.
„Очигледно сме разочарани сите кои сме поврзани со Интер. Треба да бидеме горди на нашиот настап во Лигата на шампионите. Можевме подобро во вториот дел. Потоа во продолженијата имавме повеќе енергија, но, за жал, направивме премногу грешки. По голот на Димарко работите изгледаа во наши раце, но противникот брзо израмни, што им даде дополнителна енергија и самодоверба. Во тоа помогнаа и навивачите. Требаше да бидеме подобри во тој момент и да го задржиме водството подолго“, смета Инзаги.
„Не сме навикнати да губиме. Разочарани сме бидејќи при вкупни 2-0 по голот на Димарко, требаше да делуваме поцврсто во одбраната. Свесни сме дека малите детали ја прават разликата и на ова ниво сѐ може да се случи. Не можам да им се лутам на моите играчи, тие треба да бидат горди на постигнатото“, додаде стратегот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
