Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше пресреќен по драматичната победа на „Артемио Франки“ против Фиорентина од 4-3. Натпреварот не беше за оние со слабо срце, а „нероаѕурите“ ги зграпчија трите бода во судиското надополнување.
Инзаги еуфорично истакна дека неговиот тим се враќа во своите најдобри денови.
„Не престанавме да веруваме дека ќе победиме. Првите 35 минути пред пеналот беа одлични. После тоа изгубивме контрола, но фудбалерите кои влегоа од клупата многу ни помогнаа. Ова е голем сигнал за нашите ривали, бидејќи Фиорентина е голем тим. Имавме предност од 2-0 и изгледаше како да имаме контрола. Потоа ја загубивме присебноста по нивниот гол, па моравме да продолжиме на истиот начин. Важно е што не престанавме да веруваме до крајот, иако 35.000 луѓе го поддржуваа нашиот противник“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













