
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази задоволство по победата од 0-1 над Рома на „Олимпико“. Тој изјави дека таму е тешко да се игра и е среќен што неговиот тим успеа да ги освои трите бода. Тој исто така ја спомена и темата за повредите во неговиот тим.
„Очигледно е дека имавме проблеми во средниот ред, бидејќи Аслани и Зиелински веќе беа надвор од игра. Чалханоглу не беше во оптимална форма последните денови, па сакав да му дадам одмор, но немаше како. Тој се обиде да игра, но почувствува болка во адукторот и престана пред ситуацијата да се влоши“, започна Инзаги.
Тој го коментираше и фактот дека неговиот тим прима повеќе голови против послабите екипи отколку против посилните.
„Очигледно е дека станува збор за концентрацијата. Рома е силен и квалитетен тим и се претстави многу добро. Првото полувреме беше балансирано, но во второто имавме две-три можности да ја зголемиме предноста и да го решиме натпреварот. На „Олимпико“ се игра тешко, па затоа сум задоволен од нашата игра. Резултатите на домашен терен ни се добри, но загубивме вредни бодови против Монца и Џенова, па беше важно да ставиме крај на тоа. Не е лесно да се победи тука. Рома е солиден тим со добри играчи, па фактот што морав да направам две присилни замени на почетокот беше реален проблем“, додаде тренерот.
На крајот, тој посебно го пофали стрелецот на победничкиот гол, Лаутаро Мартинез.
„Тој треба да продолжи да го прави тоа што го прави со Интер и Аргентина последните години. Според мене, тој е еден од петте најдобри фудбалери во светот и го заслужува секој успех. За мене, тој ќе биде во топ 5 во борбата за „Златната топка“, заврши тренерот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Алиоски со Ал-Ахли ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
