
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека неговиот тим целосно го контролирал дербито и дека Јувентус можел да постигне само од пенал, што на крајот и се случи. Дуелот заврши 1-1, а Интер испушти важен триумф.
„Мислам дека тоа беше единствениот начин да се прими гол. Разочаран сум и жалам за нашите навивачи. Одигравме добро и заслуживме многу повеќе од само еден бод“, изјави Инзаги.
Интер и Јувентус ремизираа (1-1) синоќа во дерби натпреварот од Серија А во Милано. Домашните поведоа со голот на Един Џеко во 17. минута, а израмни Пауло Дибала во 89. минута од пенал.
Инзаги беше исклучен во тие моменти минута поради жестоки приговори кон судијата. Тој досуди пенал по употребата на ВАР технологијата, бидејќи процени дека Дензел Дамфрис направил прекршок над Алекс Сандро.
“Признавам дека мојот гест не беше добра слика, но мислев и се уште тврдам дека немаше прекршок што треба да се прегледува со ВАР. Како тренер, кога против вашиот тим ќе биде досуден таков пенал во 89.минута, природно е да бидете лут поради тоа што ви го прават“, изјави Инзаги.
По девет одиграни кола во Серија А, Интер е третопласиран на табелата со 18 бода, а Јувентус е шести со три бода помалку. На првите две позиции се Наполи и Милан со по 25 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
