
Симоне Инзаги е новиот предводник на Интер. Тој го наследи Антонио Конте на клупата на „нероаѕурите“, а денеска беше и официјално претставен на новото работно место.
„Раководството на Интер покажа извонреден ентузијазам за да бидам сега овде како нов тренер на тимот. Сакам да се заблагодарам за тоа, а исто така да им честитам за освоеното „скудето“ на момците и на Антонио Конте. Сега наша задача ќе биде да ја одбраниме шампионската титула и верувам дека имаме сили да го сториме тоа. Некои фудбалери заминаа, некои ќе заминат, но ние ќе најдеме адекватни замени и сметам дека подготвени ќе го дочекаме новиот шампионат во Серија А“, изјави Симоне Инзаги.
Интер го доведе Хакан Чалханоглу кој треба да биде замена за Кристијан Ериксен. Тој колабираше на Европското првенство и му беше вграден дефибрилатор со кој не смее да настапува во Серија А.
„Зборував со Ериксен пред да му се случи здравствениот проблем, му посакувам се најдобро, брзо да го надмине и да му се врати на фудбалот. Пред се му посакувам добро здравје. Мислам дека Чалханоглу ќе биде квалитетно засилување за нас во средниот ред, тој одлично ја познава Серија А и очекувам успешно да се вклопи во нашиот тим“, истакна новиот тренер на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal