
Интер постигна договор со својот тренер Симоне Инзаги за продолжување на договорот до летото 2025 година. Ова го откри агентот на тренерот, Тулио Тинти.
„Ова веќе беше договорено за време на претсезонската турнеја во Азија. Останува само да се официјализира, бидејќи станува збор за обновување за уште една година“, изјави Тинти за италијанските медиуми.
Инзаги ги презеде „нероаѕурите“ пред две години и неговиот актуелен договор е до следното лето.
Тој сѐ уште нема „скудето“ со миланскиот гигант, но и покрај тоа веќе двапати триумфираше со Купот и Суперкупот на Италија. Покрај тоа, под негово водство тимот играше и во финалето на последното издание на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
