Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не беше среќен по поразот од Сасуоло со 1-2. Тоа беше прв пораз за неговата екипа од почетокот на сезоната и дојде по резултатски пресврт во второто полувреме.
Инзаги вели дека неговите избраници ја загубија концентрацијата по првиот примен гол.
„Одигравме добро прво полувреме против класа тим кој е во форма. Од шансите што ги создадовме требаше да постигнеме повеќе голови. По паузата почнавме добро, но грешката дојде за 1-1 и од тој момент не бевме доволно остри, не можевме да го задржиме темпото, Берарди постигна магичен гол и тотално го загубивме патот“, изјави Инзаги.
Интер по шест кола е на делба на првата позиција во Серија А со градскиот ривал Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













