
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид ја одбил можноста да го доведе Кристијано Роналдо ова лето. Неговиот агент Жорге Мендеш пред заминувањето од Јувентус го понудил на речиси сите големи европски клубови, а на крајот тој се врати во втор престој на „Олд Трафорд“ и веќе постигна четири гола на три натпревари за Манчестер Јунајтед.
Сега, шпанската радио станица „Кадена Сер“ излезе со интересна информација дека шампионот во Ла Лига, Атлетико Мадрид, ја одбил можноста да го земе Португалецот. Тој претходно долги години го носеше дресот на големиот градски ривал, Реал Мадрид.
На крајот, Диего Симеоне успеа да го врати Антоан Гризман од Барселона на „Ванда Метрополитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
