
Работнички и Ренова ќе ги одмерат силите на арената „Филип Втори“. Тимот на „романтичарите“ е значително реновиран по зимскиот преоден рок, а повратникот Баже Илијоски, кој ја презеде и капитенската лента, ја истакнува желбата за освојување на трите бода. Но, и потенцира дека тоа нема да биде лесна задача.
„Победата е наш фокус. Ќе сториме се за да ги освоиме трите бода на пролетната премиера. Но, тоа нема да биде нималку лесно. Ренова е квалитетен состав, нивна голема предност е воиграноста, играат одличен фудбал. Но, и ние веруваме во нашите квалитети, добро се подготвуваме во зимскиот период и сега е време тоа да го покажеме“, вели Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.
Ренова само го надгради составот со нови имиња, но тренерот Никола Илиевски – Џиџи на располагање ќе го има речиси истиот фонд на фудбалери, што е значителна предност со оглед на добрата воиграност.
Натпреварoт меѓу Работнички и Ренова се игра со почеток во 14 часот. Главен судија на мечот е Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Гостивар му се заблагодари и на Алдаир

Евро-фудбал
Штутгарт во финалето на германскиот Куп (ВИДЕО)
