
Интер одигра одличен натпревар на „Џузепе Меаца“ и ја декласира Болоња со 6-1 како одговор на загубеното дерби од Јувентус во минатото коло. Тимот на Симоне Инзаги сега се наоѓа на четвртата позиција со 27 бода, два помалку од второпласираниот Милан. Наполи е убедливо на врвот со десет бода предност пред Интер.
Болоња прва дојде до предност со голот на Ликојанис во 22.минута. Орсолини шутираше, топката удри во Ликојанис, го смени правецот и ја погоди мрежата. Но, Един Џеко израмни само четири минути подоцна, а Димарко и Лаутаро Мартинез до крајот на првиот дел се погрижија за пресврт и водство од 3-1.
Во второто полувреме стрелаа и Димарко уште еднаш, Чалханоглу од пенал и Госенс.
Фиорентина ја совлада Салернитана со 2-1, а Торино беше подобар од Сампдорија со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
