
Интер подготвува нов договор на својот дефанзивец Милан Шкриниар, со цел да го спречи неговиот трансфер во Премиер – лигата, каде за него се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем, пишува „Газета дело Спорт“.
Актуелниот договор на Шкриниар истекува следната година. 27-годишниот Словак моментно заработува 3,5 милиони евра по сезона, а „нероаѕурите“ планираат да му ја зголемат платата на 4,5 милиони – плус бонуси, по што таа ќе се зголеми до 5 милиони евра.
Новиот договор би имал важност до летото 2027 година. Дефанзивецот е меѓу најважните играчи за тренерот Симоне Инзаги со своите 47 натпревари и четири гола сезонава, а покрај одличните настапи на теренот, тој импресионира и со своите лидерски квалитети во соблекувалната на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
