
Италијанскиот калчолигаш Интер сака да го продаде дефанзивецот Милан Шкриниар до крајот на зимскиот преоден рок. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, челниците на Интер се многу незадоволни од тоа како игра 27-годишниот Словак во последно време, а сето тоа кулминираше на последниот меч против Емполи кога стоперот доби црвен картон и Интер загуби со 0-1 на „Џузепе Меаца“.
Интер ќе се обиде да го продаде Шкриниар на парижаните до крајот на зимскиот преоден рок за 20 милиони евра.
На крајот на сезоната Шкриниар би го напуштил Интер бесплатно по шест години минати во дресот на „нероаѕурите“, а Интер сака барем нешто да заработи од неговата продажба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
