
Иднината на Лоренцо Пелегрини во Рома изгледа сè понеизвесна, а според медиумите во Италија, Интер ја следи ситуацијата околу него и размислува за можноста да го доведе следното лето.
Договорот на Пелегрини со Рома истекува во јуни 2026 година, а „Кориере дела Сера“ известува дека во моментот Интер е фаворит за потписот на италијанскиот репрезентативец.
Иако „џалоросите“ не би биле подготвени да го продадат во јануари, ситуацијата може да биде поинаква следното лето поради ризикот да го загубат без обештетување во 2026 година.
Пелегрини досега одигра 19 натпревари за Рома во сите натпреварувања оваа сезона, но неговиот придонес во нападот е ограничен на еден гол и две асистенции, а минутажата му е сериозно намалена по доаѓањето на Клаудио Раниери.
Покрај Интер, за Пелегрини има интерес и од Наполи и од Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal