Connect with us

Интер остана без Дармијан во наредните неколку недели

Италијанскиот и европски вицешампион Интер официјално соопшти дека Матео Дармиjан заработил мускулна повреда на левата нога и нема да биде на располагање за претстојните натпревари на тимот. Искуствениот дефанзивец, кој во декември ќе наполни 36 години, досега учествуваше во два меча од почетокот на сезоната, како и во натпреварите од Светското клупско првенство на ФИФА ова лето.

Според медицинскиот извештај на „нероаѕурите“, Дармијан има истегнување на бутниот мускул на левата нога. Од клубот најавуваат дека состојбата ќе биде проценета повторно за една недела, а прогнозите велат дека периодот на опоравување ќе трае неколку недели.

Повредата значи дека искусниот дефанзивец нема да биде дел од тимот за гостувањето кај Рома во Серија А овој викенд, ниту за натпреварот од Лигата на шампиони против Ројал Унион Сен-Жил.

Се очекува Дармијан да не биде целосно подготвен ни за големото дерби против актуелниот шампион Наполи, закажано за 25 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови