Интер и Челси се обидуваат да направат размена, а се појавија детали за евентуален договор околу трансферот на Андре Онана на „Стемфорд бриџ“. Како што е познато, лондончани покажуваат силен интерес за голманот на „нероаѕурите“, кој е проценет на 40 милиони евра. Од англискиот клуб имаа идеја драстично да ја намалат оваа сума, вклучувајќи го и нивниот голман Кепа Аризабалага во понудата до колегите во миланскиот гигант.
Сепак, според „Газета дело Спорт“, Интер на првата средба ја одбил оваа опција.
Наместо тоа, им се допаднаа уште двајца играчи од таму кои би можеле да бидат вклучени во договорот. Станува збор за дефанзивецот Тревор Чалоба и играчот од средниот ред Рубен Лофтус-Чик.
Дефанзивецот би бил можна замена за Милан Шкриниар, кој заминува во Пари Сен Жермен, а што се однесува до играчот за врска, клубот размислува за реновирање на средниот ред на лето.
Во меѓувреме, причината за отфрлањето на опцијата со Кепа е тоа што Интер веќе избра нов голман по евентуална продажба на Онана. Станува збор за Гиљелмо Викарио, кој во последните две сезони импресионираше со настапите за Емполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













