
Италијанскиот првак Интер најде замена и за Ашраф Хакими. Холандскиот десен бек Дензел Дамфрис ќе пристигне во Милано.
Момчето што го привлече вниманието со неколкуте одлични натпревари на Европското првенство, но и одигра многу добро за ПСВ Ајндховен, ќе се пресели во Интер за 12,5 милиони евра, со два милиони бонуси.
Во Ајндховен, веќе почнаа да се навикнуваат на животот без него, па на таа позиција веќе ги користат Филип Мвене и Џордан Тезеус оваа сезона.
Интер на тој начин комплетираше два трансфери за два дена. Вчера, Един Џеко пристигна како замена за Ромелу Лукаку. Босанскиот напаѓач се уште не е претставен, но тој ги помина медицинските прегледи и многу брзо ќе биде во новиот дрес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
