Connect with us

Интер му фрли око на новиот италијански репрезентативец

На Интер му се допадна напаѓачот на аргентинскиот Тигре, Матео Ретегуи, кој вчера дебитираше за Италија во поразот од Англија со 1-2, пренесува „Скај спорт“. Раководството на „нероаѕурите“ ќе се обиде да го доведе следното лето, веднаш откако тој ќе се врати во Бока Јуниорс.


Во моментов Аргентинецот со италијански корени настапува за својот сегашен тим Тигре како позајмен од Бока Јуниорс, но на лето ќе биде купен за 2,5 милиони евра, а во следниот трансфер гигантот ќе добие 50% од сумата.

Од почетокот на годината, новопечениот италијански репрезентативец има шест гола на девет натпревари на клупско ниво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови