
Интер Мајами ја освои титулата во регуларниот тек од сезоната во МЛС лигата по триумфот над Колумбус Кру (2-3), кој го зачинија Лионел Меси со два гола и Луис Суарез со еден погодок.
Интер Мајами поведе во 45. минута токму со гол на Меси, а во судиското продолжение од првиот дел, Аргентинецот ја удвои предноста на гостите со одлично изведен слободен удар.
Диего Роси намали на 1-2, но Интер Мајами повторно поведе со два гола разлика во 48. минута, кога Луис Суарез искористи грешка на голманот и со глава ја погоди празната мрежа.
Во 61. минута, Колумбус Кру повторно ја врати неизвесноста со гол од пенал на Кучо.
Интер Мајами со оваа победа и со 68 бода веќе е сигурен шампион на Источната конференција, зголемувајќи ја предноста на 11 бода пред Колумбус Кру.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
