Connect with us

Интер купува напаѓач во јануари

Италијанскиот првак Интер сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок. Тренерот Симоне Инзаги смета дека треба да има најмалку уште една опција покрај Џеко и Кореа, со оглед дека Алексис Санчез делува тотално немотивирано.


Во моментов се разгледуваат две опции, Андреа Белоти и Лука Јовиќ.

Италијанскиот репрезентативец нема да потпише нов договор со „биковите“ и Торино би можел да го продаде во јануари. Интер е подготвен да преговара за него.

Втората опција е Лука Јовиќ. Тој би дошол на позајмица од Реал Мадрид со право на откуп на крајот од сезоната.

Тимот ќе мора да се засили поради настапите во Европа, Интер е во добра позиција да се најде во осминафиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, клубот не се откажува и од трката за титулата иако Наполи и Милан моментно имаат предност на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови