Connect with us

Интер ќе го врати Лукаку во Челси на крајот од сезоната

Италијанскиот калчолигаш Интер нема да го откупи Ромелу Лукаку на крајот од сезоната. Оваа вест ја потврди директорот Бепе Марота.


Белгиецот ќе се врати на „Стемфорд бриџ“, со оглед дека има договор со Челси.

„Позајмицата е договорена за уште една сезона и кога ќе заврши оваа, Лукаку ќе се врати во Челси. Тој не ја најде својата најдобра физичка форма за да ја покаже својата најдобра верзија. Лукаку сè уште не е играчот што сме навикнати да го гледаме“, изјави Марота.

Лукаку оваа сезона одигра само 18 натпревари, постигна пет гола и забележа една асистенција во дресот на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови